Охридскиот „Фајт клуб Мастер“ со двајца натпреварувачи учествуваше на меѓународниот ММА турнир во Велес кој го организираше реномираниот хрватскиот клуб „Предатор“.
Дел од спектаклот беа охриѓаните Марјан Ангелески во конкуренција над 93 килограми и Павел Ванкоски во категоријата до 77 килограми.
Ангелески со удар „хај кик“ во 35-та секунда со нокаут го совлада Иван Вичиќ додека пораз во првиот настап во ММА борбите претрпе Ванкоски од Стефан Пицевски.
Сите борби на турнирот во Велес се одржаа пред полни трибини, а охридскиот клуб следната година ММА спектаклот да го организира во спортската арена „Билјанини Извори“.
Мх.П.