Македонскиот кошаркарски шампион Струмица 2005 доживеа посакуван пораз во салата „Сутинска Врела“ од Цедевита во првото коло од ФИБА Евро-купот, избраниците на Јовица Арсиќ загубија со 76:72, резултат кој во секој случај е достижен при реваншот во Струмица за седум дена .
Струмичани водеа на полувремето со 39:34, но не успеаа да ја задржат и на крајот домаќините беа теи кои се радуваа на победата од 76:72.
Пуповиќ постигна најмногу, 22 поени во редовите на Струмица додека Ефтим Богојев постигна 13 поени. Кај домаќините Римац беше најпрезицен со 22 поени, додека Грејвс постигна 16 поени.
Мирко Постоловски