Охриѓанецот Гоце Толески со победа дебитираше во сино белиот дрес на Млада Болеслав , која на домашен терен го совлада Бохемианс со 3-2. Толески кој на крајот од септември премина во чешкиот лигаш ги одигра последните 25 минути од мечот, влегувајќи на местото на напаѓачот Марек Кулич.
– Добро е чувството што се вратив на терените по долгата пауза. Одлично сум примен во тимот и очекувам во овие два месеца да се изборам за подолг престој овде – вели Толески кој во новиот клуб ќе го носи дресот со број 22.
Тој во клубот дојде на позајмица со сила до крајот на оваа календарска година, со можноста за склучување на долгорочен договор. – Ние се согласивме да бидеме домаќини на Толески. Доколку постои заеднички интерес за продолжувањето на соработката по зимската пауза ќе започнеме преговори за понатамошен негов ангажман во клубот– изјави спортскиот директор на ФК Млада Болеслав Ладислав Минар .
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com