Кошаркарскиот клуб „Лихнидос“ од Охрид, ја забележа дебитантската победа во Втората лига. Охриѓани беа подобри од Неготино совладувајќи го со 88:74.
 
Кошаркарите на „Лихнидос“ имаа водство во текот на целиот натпревар. Во последниот период влегоа со поен предност, но го добија со 27:14 за убедлив триумф.

Најефикасен кај охриѓани беше Димитриески кој постигна 30 поени.

OhridNews