Македонската ватерполо  репрезентација стигна до првата победа на Светскиот пливачки собир во Рим , Италија. Црвено – жолтите го совладаа убедливо Казакстан со 11-4 (3-1,4-2,1-0,3-1) и ќе играат за 13 место на Мундијалот.


Најефикасен во македонскиот табор беше Крстиќ кој постигна пет погодока, додека Милиќ постигна еден помалку. Во натпреварот за 13 место Македонија ќе игра против Бразил кој со 8-7 ја совлада Јужна Африка.

М.П.