Новиот стратег  на Билјана, Владо Горевиќ, во деби натпреварот вчера во „Билјанини извори“ стартуваше со победа. Минатогодишниот финалист стигна  само до втората победа во овогодинешниот шампионат, благодарение на тимската игра на охриѓанки предводени од Балазоска  и Кузеска кои заедно искомбинираа 34 поени.


Со ангажирањето на Горевиќ се очекува охриѓанки да ја подобрат играта но и да го подобрат моменталниот пласман.
Со натпреварот против Гостивар заврши првиот круг од шампионатот. Охриѓанки по шест одиграни кола имат само две победи а претрпеа четири порази и со осум бода се наоѓаат на 5-то место на табелата .

Од записникот :

Билјана 006:  И. Ангелоска.Тилоска  6, Спасеска, Балазоска  17 , Горичан 1 , Кузеска 17  , Патцева 2, Стејровска 2, Миладиноска10 .Булоска,Ж.Ангелоска 11,

Гостивар: Тримческа 1,Мијоска 2, Јованоска 7,Андриеска 20,  Новеска, Момироска, Трпеска, Јованоска 6, Стојаноска 6, Исеска 7.

Билјана – Гостивар    66 : 49  (27:15, 20:11,8:10 ,11:13)

[email protected]
фото: Васко Бујароски