Екипите на Струга Трим Лум, Силекс и Шкупи, денеска, ќе ги одиграат своите мечеви во првата квалификациска рунда во новоформираната Конференциска лига која е под капата на УЕФА.

Стружани на европската сцена ќе дебитираат на гостински терен во Латвија каде ќе ги одмерат силите со Лиепаја. Мечот се игра во 16 часот. Струшките „црвено бели“ најавуваат борба за позитивен резултат кој ќе ги доближи до втората рунда во Конференциската лига.

Силекс и Шкупи првите мечеви на стартот од евро-авантурата ќе ги одиграат на домашен терен. Кратовчани ќе се судрат со молдавски Петрокуб (16 часот), додека Шкупи во 20 часот ќе се судри со косовски Љапи.

OhridNews