Екипата на Интер пред своите гледачи со 2-1 (1-0) ја совлада Фиорентина и обезбеди пласман во 1/2 финалето од Купот на Италија. „Нероазурите“ ги комплетираа учесниците во полуфиналето, откако пласман претходно обезбедија Милан, Јувентус и Наполи.

Четвртфиналниот натпревар на „Џузепе Меаца“ го одбележаа дебито на најновиот фудбалер на Интер Кристијан Ериксен и победата вредна полуфинале. Данецот одигра нецели триесетина минути.

Што се однесува до головите, Интер со 1-0 поведе во 44-та минута со погодокот на Кандрева. „Виолетовите“ во 60-та минута преку Касерес изедначија на 1-1. Ново водство за Интер донесе Барела во 67-та минута. Домаќините со добра игра во одбрана ја задржаа минималната предност и го чекираа билетот за полуфинале.

За влез во финалето Интер ќе се судри со Наполи, додека во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат Милан – Јувентус.

OhridNews