Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас го скрши мразот и успеа да го постигне дебитанскиот погодок во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи. Елмас прецизно стрелаше во 16-та минута кога донесе водство од 2-0 на гостување кај тимот на Сампдорија. Домаќините до крајот на полувремето со погодокот на Фабио Кваљарела намалија на 2-1 и се вратија во игра за позитивен резултат.

 

OhridNews