Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алијоски, се запиша во листата на стрелци во убедливиот триумф на Лидс над Њукасл (5-2), во рамките од 13-та рунда во Премиер лигата.
Алијоски кој го започна натпреварот мрежата на „страчките“ ја погоди во 85-та минута за 4-2, со што ја запечати победата. До крајот, Лидс постигна уште погодок и за висок триумф 5-2. Со освојување на целиот плен, екипата од Иланд Роуд се одлепи од опасната зона и полека ја крева формата во англиската фудбалска елита.
Во преостанатите мечеви Арсенал ремизираше со Саутемптон 1-1, а Евертон го шокираше Лестер, победувајќи го 2-0 на Кинг Пауер стадионот.
OhridNews