Врховниот суд во Канада пресудил предебелите луѓе да имаат право на две седишта во авион по цена за едно на сите домашни летови.
Ја одбил жалбата, која ја поднеле авиокомпаниите Аир Канада, Аир Канада Џез и Вест Џет со одлуката на канадската превозничка агенција дека „функционално ограничените луѓе поради дебелината“ заслужуваат две седишта. Авиокомпаниите веќе се жалеле до федералниот суд и изгубиле. Одлуката од врховниот суд е конечна.