Истражување спроведено во САД ја поврзува дебелината во бременоста со просечно 36% поголем ризик за астма кај децата.
Дебелината во бременост не се советува од повеќе здравствени причини за мајката, но и децата може да патат поради тоа, бидејќи ризикот за развој на астма им е зголемен за повеќе од третина, тврди истражување објавено во стручното списание Pediatrics.
Новите наоди се базираат на анализа на податоци за повеќе од 100 000 мајки и нивните деца, а претходни истражувања веќе покажале поврзаност на дебелината со зголемен ризик од астма.
Истражувачите веруваат дека ваквите резултати е можно да се објаснат со влијанието на воспалителните процеси поврзани со дебелината кои можат негативно да се одразат на развојот на дишните патишта на фетусот.
Покрај тоа, постои можност неквалитетната исхрана која доведува до дебелеење да не содржи доволно хранливи материи потребни за нормален развој на фетусот.
Научници од Детската болница во Питсбург додаваат дека важен фактор може да бидат и гените кои ја поврзуваат дебелината кај мајките и астмата кај потомството.
извор:metro-portal.hr