Дебелината е се пораширена помеѓу младите, а во некои делови од светот почнала алармантно да се зголемува, па така на пример во Велика Британија процентот на дебелината е двојно поголем за само десет години.
Британскиот институт за здравје издал препораки, први после 2006 година, кои на луѓето би требало да им помогнат во одржување на здрава телесна тежина бидејќи дебелината, што се однесува на здравствените проблеми и трошоците кои ги предизвикува, е еднакво опасна како и пушењето.
Препораките се едноставни, но ефективни, па така секој треба да знае дека општо правило за одржување на здрава телесна маса е енергетскиот внес на храна и пијалок да не ја преминува енергетската потрошувачка низ дневните активности.
За почеток, избегнувајте пијалоци со додадени шеќери, откажете се од готовата храна од продавниците и рестораните, а физичката активност треба да се зголеми на едноставни начини – качувајте се по скали наместо да одите со лифт, помалку седете пред телевизор и секојдневно пешачете барем дваесеттина минути.
Медитеранската и нордиската исхрана би требало да станат стандард во исхраната во домаќинството, а кога сето наведено се спои со ограничен внес на алкохол, здравата телесна маса повеќе не е така невозможна мисија.
извор:metro-portal.hr