Истражувања на италијански научници укажуваат на постоењето на фактор на ризик за болести на срцето и дијабетес уште во предучилишна возраст.

Анализата на примероците од крв на тестираните деца открила зголемена концентрација на лошиот (LDL) холестерол и шеќер и намалена концентрација на добриот (HDL) холестерол.

Покрај тоа, 40% од децата со вишок на килограми имале зголемен крвен притисок.

Кај една третина од децата во оваа група е воочено создавање на масни наслаги во црниот дроб. Стручното списание JAMA Pediatrics пишува дека овие наоди предупредуваат на неопходност од вршење на превентивни прегледи уште од најмала возраст.

извор:metro-portal.hr