Индискиот суд пресудил дека авионската компанија во сопственост на државата, Ер Индија, има право да им забрани на своите стјуардеси да летаат ако се предебели. Судот во Делхи одговорил на обвинението од пет стјуардеси кои компанијата ги приземјила бидејќи биле предебели за да летаат. Веројатно ќе се жалат на необичната одлука. Судијата се сложил со аргументите на авионската компанија дека предебелиот персонал претставува сигурносна и здравствена опасност.
-Во авионската индустрија психичката состојба и изгледот на хостесите имаат голема улога-додал судијата.
Стјуардесите на Ер Индија носат традиционални индиски носии за разлика од приватните компании со млад персонал облечени во униформи. Пред неколку години, при вработување на нови луѓе, компанијата навела дека нема да ги зема во обзир молбите на луѓе со акни или лоши заби.