Учесниците во големата тепачка што се случи на натпреварот помеѓу Њу јорк и Денвер, се казнети со вкупно 47 натпревари неиграње, додека двата клуба заработија казни од по 500.000 долари, соопшти комесарот на НБА лигата, Дејвид Штерн.
Најлошо мина водечкиот стрелец во лигата Кармело Ентони кој е суспендиран на 15 натпревари, а неговиот клубски колега Џеј Ар Смит е казнет со 10 натпревари, колку што ќе паузира и бекот на Њу јорк Нејт Робинсон