Форумот е дел од активностите во рамки на проектот “Чекор кон родовата еднаквост” во имплементација на Локалната Агенција за Развој од Струга и НВО “Синиот Проект“ од Охрид.
Целта на овој Форум е да се презентира проектот и да се отпочне со активности кои ќе ја зајакнат позицијата на жените во Охрид и Струга.
Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата “Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права – ЕИДХР”.