Потенцијалите на соработка во областа на туризмот, е тема на тркалезната маса што денеска ќе се одржи во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Воедно ќе биде објавена и соработката на ФТУ Охрид со високата школа за туризам Довил – Франција, чии претстaвници ќе земат учество во стручната расправа.

На тркалезната маса, учество ќе земат и претставници на Општина Охрид , на Стопанската комора за туризам на Македонија и на бизнис заедницата.

Ohridnews