На средбата, покрај полициски инспектори за превенција, учество ќе земат државниот инспектор по образование, претставници од Центарот за социјални работи, од Основното јавно обвининителство од Струга како и претставници од Локалната самоуправа.
Инаку, во текот на минатата година, СВР Охрид преку одделението за превенција, низ сите образовни институции во Струга, го спроведе проектот „Малолетничката деликвенција и насилството кај младите“, како обид за превенирање на насилството, криминогеното и девијантно однесување кај младата популација во мултиетничка Струга.