Фондацијата Институт отворено општество Македонија во соработка со Македонскиот центар за европско образование, Младинскиот образовен форум и Центрите за поддршка на невладини организации кои функционираат во 12 општини низ Македонија реализира проект ,,Акција за Европа“ кој има за цел да придонесе кон подигање на свеста кај јавноста за важноста за забрзување на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија.

По тој повод денеска во х. „Дрим“ во Струга ќе се одржи дебата на тема,,Македонија и Европската унија“. На дебатата која е дел од активностите ,,ДЕН II – Нашите европски пријатели“ кои што се организираат во рамките на проектот „Акција за Европа“, учествуваат неговата екселенција Адриан Стефан Константинеску, Амбасадор на Република Романија, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и Андреја Стојковски – Македонски центар за европско образование
  

Ohridnews