Во анализата на постоечките капацитети за развој на планинскиот рекреативен туризам во Охрид, како и изработка на концепт со предлог мерки за одржлив развој на истите, ќе учествуваат професионални водачи во планина од Македонија и од странство, туристички работници, претставници од ЈУ Национален парк Галичица и од други национални паркови во Македонија, претставници на Локална самоуправа на Охрид, претставници на државни институции, агенција за развој на туризам. Свој доприност на овој семинар со своето искуство и знаење ќе даде и Yves Fouque од Бриансон, Франција, предавач во Регионалниот центар за развој на туризмот во Европа.
На семинарот особен акцент ќе биде ставен на трибината со наслов “Потенцијалот во Р.Македонија за развој на планинскиот туризам” која ќе ја отвори градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.