Во организација на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, утре, 2-ри март, со почеток во 13 часот, во пресрет на локалните избори во Охрид ќе се одржи отворена дебата на тема “Каков градоначалник сакаат Охриѓани?”.

Граѓанските здруженија и политичарите заеднички ќе ги детектираат проблемите и предизвиците на градот, со цел да се слушне гласот на граѓанскиот сектор и на обичниот граѓанин.

На дебатата ќе се говори за проблемите во сите сфери: туризам, угостителство, урбанизам, животна средина, комунален развој, концесионери на плажите проблемот со кучињата, безбедност, образование, бизнис и економија.

Се повикуваат граѓаните да учествуваат на дебатата и да дадат значителен придонес кон развој на квалитетна дискусија, да учествуваат на оваа дискусија на која се очекува да  присуствуваат бројни чинители од општествениот, политичкиот и граѓанскиот сектор, млади луѓе и граѓани.

Настанот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

OhridNews