„Бунт против отпадот“ ќе биде насловена дебатата која ќе се одржи вечерва со почеток во 18 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Дебатата ја организира граѓанската иницијатива „Ајде Македонија“ која е иницијатор на акција за расчистување на отпадните локации и за развој на свеста за правилно третирање на отпадот во Македонија.
На дебатата ќе се зборува за состојбата со отпадот во Охрид и на неа се очекува да земат учество голем број невладини организации и заинтересирани граѓани.
Инаку на 3-ти октомври 2015 година „Ајде Македонија“ по 4-ти пат ја покренува иницијативата за чистење на отпадот низ цела Македонија.
OhridNews