Женската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз 10-0 од шпанската селекција во рамките од квалификациите за Светското првенство.

Шест од десетте погодоци постигнаа Бермудез и Хермосо, два реализираше Калдерон додека Торехон и Наталија по еднаш ја затресоа мрежата на Македонија.

За индиспонираноста на македонска селекција говори фактот тоа што само еден удар упатија кон противничкиот гол наспроти шпанките кои имаа дури 39.

Поразот од Шпанија беше петти во исто толку натпревари со гол разлика од 36 примени и два постигнати погодоци.

Мх.П.