Македонските кошаркари не успеаа да ја израдуваат македонската нација откако доживеаа тежок пораз на првиот натпревар на ЕП во Полска од Грција со 86-54. 

Она што требаше да биде историски натпревар за Македонија се претвори во тешко мачење како за македонските репрезентативци така и за гледачите на малите екрани.

Ништо не функционираше во нашиот тим, бевме инфериорни под кошевите со 22 скока наспроти 40 на гостите, не ни одеше ниту ударот од далечина каде погодивме 5 од 26 со 19 % реализација.

Со нашата одбрана си поигруваа грчките репрезентативци кај кои најпрецизен беше Спанулис 17 поени. Во нашиот тим единствен со двоцифрен број на поени мечот го заврши Мејси со 12 поени.

Наредниот натрпевар Македонија го игра утре во 16.30 против Изреал.

М.П.