Македонската кошаркарска репрезентација претрпе тежок пораз од селекцијата на Холандија во вториот натпревар на Евробаскетот во Охрид. Лалиња извојува неверојатна победа со 84-36 (18-15, 23-8, 20-5, 23-8). Македонските кошаркарки беа рамноправни само во првиот период додека по повредата на Митрашиновиќ, колата тргна надолу. Единствената светла точка на натпеварот беше капитенот Јелена Антиќ која со 23 поени беше најефикасна на теренот. Кај “портокаловите“ најпрезицна беше Де Рос со 23 поени. По овај пораз Македонија се чини ги загуби шансите за пласман во 1/4 финалето.
фото : Емилио