Македонската ракометна репрезентација во кадетска конкуренција со пораз од Јапонија 33-21 (15-11) ја заврши фазата по групи на Светското првенство кое се одржува во нашата земја.
Поразот од Јапонија ја смести селекцијата на Македонија на четвртата позиција во групата Ц и во 1/8 финалето силите ќе ги одмери со првопласираната Португалија од групата Д.
Јапонците доминираа од почеток до крај. „Црвено жолтите“ квалитативно не беа на нивото од јапонските ракометари и добија час по модерен ракомет.
Македонија предводена од селекторот Данило Брестовац треба и мора многу работи да промени во пресрет на 1/8 финалната пресметка со „селесао“. Португалците со максимален скор од пет победи во пет натпревари ја завршија фаза и се огромни фаворити на хартија.
OhridNews