Екипата на Ливерпул се врати на првата позиција на табелата во англиската Премиер лигата совладувајќи го Кардиф со 2-0 на „Милениум“ стадионот, додека „ѓаволите“ и „топчиите“ направија чекор назад во борбата за пласман во ТОП 4 после поразите од Евертон 4-0 односно Кристал Палас 3-2.

Бајката на Оле гунар Солсјкер за многу кратко време се претвори во кошмар. Манчестер Јунајтед испадна од ЛШ, а многу веројатно е дека следната сезона нема да биде дел од клупската елита во Европа после дебаклот на „Гудисон Парк“. Евертон од почетокот до крајот доминираше и му сервираше четири парчиња во мрежата на гостите.

Арсенал изгуби од Кристал Палас на домашен терен со 3-2 и го врати Челси во игра за ТОП 4. „Топчиите“ максимално си ја закомпликуваа судбината, а ја имаа во своите раце. До крајот Арсенал, Челси и Тотенхем кој има бод повеќе ќе водат фото финиш за двете „слободни“ места.

„Црвените“ го продолжија притисокот над Манчестер Сити со триумфот над Кардиф. Ливерпул изби пред Манчестер Сити, но „граѓаните“ имаат меч помалку и ќе го одиграат во среда на Олд Трафорд. Стрелеци на головите за фудбалерите од Енфилд беа Вајналдум и Милнер во второто полувреме.

Резултати: Евертон – Мен Ју 4-0, Арсенал – Кристал Палас 2-3, Кардиф – Ливерпул 0-2

Табела: Ливерпул 88, Мен Сити 86, Тотенхем 67, Арсенал 66, Челси 66, Мен Ју 64..

OhridNews