Англискиот фудбалски прволигаш Брајтон за свој нов тренер го назначи италијанскиот стратег Роберто Де Зерби (43) со кого потпиша тригодишен договор.

Де Зерби минатата сезона го водеше Шахтјор и беше лидер на табелата пред да биде прекинато украинското првенство поради руската инвазија во февруари.

Претходно седеше на клупата на Сасуоло, наметнувајќи препознатлив атрактивен и ефикасен стил на игра со екипата која заврши осмопласирана во Серија А во сезоната 2020/21.

Де Зерби во Брајтон дојде на местото на Грахам Потер, кој претходно овој месец го презеде Челзи.

OhridNews