Шкотскиот стручњак Дејвид Мојс од дома ќе го предводи Вест Хем на утрешниот дуел со Вулверхемптон во третата рунда во англиската Премиер лига. Мојс е во изолација поради позитивниот тест на вирусот ковид -19.
Без разлика што е дома и нема да биде присутен покрај аут линијата, ние во разговор со него ќе ги носиме одлуките околу екипата. Што значи дека тој повторно ќе ја предводи екипата, – рече асистентот на Мојс, Алан Ирвин.
Мојс и останатите двајца фудбалери, кои имаа позитивни тестови немаат никакви симптоми и наскоро ќе го помина предвидениот термин за самоизолација.
„Чеканите“ силите со „волците“ ќе ги одмерат утре (недела) во 20 часот.
OhridNews