Италијанскиот селектор Роберто Манчини го засили својот стручен штаб, ангажирајќи го Даниеле де Роси. Иконата на Рома ќе ја добие улогата на прв асистент.
За мене ова ќе биде нов почеток и возбуден сум што ќе имам можност да работам во италијанската селекција. Моментално доживувам дека се враќа дома, на местото каде го имав најголемиот успех во мојата кариера. Нетрпеливо ќе ги чекам задачите од селекторот, – изјави Де Роси.
За Де Роси ова ќе биде прво искуство како тренер или асистент, после завршување на фудбалската кариера. Де Роси играше за Рома и за Бока Јуниорс. Тој беше дел од репрезентацијата на Италија која во 2006 година триумфираше на Мундијалот во Германија.
OhridNews