Легендарниот италијански фудбалер Даниеле де Роси минатото ја напушти Рома и се пресели во Јужна Америка засилувајќи го тимот на Бока Јуниорс. Де Роси после шест месеци минати во аргентинскиот клуб одлучи да се повлече и да стави точка на фудбалската кариера.
Де Роси во интервјуто за „Скај спорт“ откри дека тој не сакал да замине од Рома и дека одлуката не била негова.
Не сакав да заминам од Рома, но тоа е фудбал. Никогаш не бев измамник, секогаш бев реален. Иако клубот го напуштив после 20 години не сакам навивачите на тоа да гледаат како некој трагедија. – изјави Де Роси.
Де Роси е еден ретките фудбалери кои речиси цела фудбалска кариера ја посвети на еден клуб, притоа одолевајќи на многу побогати понуди. Најдобар пример за верност во Рома е Франческо Тоти, кој ја почна и ја заврши кариерата на Олимпико.
Многу е тешко да некој фудбалер се задржи цели 20 години во еден клуб и затоа мојата кариера е необична. Не можам да гарантирам дека истото би го направил како тренер, но таа работа е многу потешка. Сакам да ја тренирам еден ден Рома, но прво мора да ги комплетирам потребните документи и да ја земам лиценцата за тренер. – додаде Де Роси.
Поранешниот италијанскиот репрезентативец во дресот на Рома дебитираше 2001 година. Тој низ кариерата настапи на 616 натпревари, а ефктот беше 63 погодоци и 54 асистенции.
OhridNews