Сагата околу младиот дефанзивец од Холандија, Матијас де Лихт е пред финална разрешница откако неколку реномирани фудбалски новинари од Италија, најавија дека репрезентативецот на „лалињата“ ќе го засили актуелниот шампион во „калчо“ лигата, Јувентус.

Де Лихт и покрај турболентниот преоден рок најде време да ужива на плажа, а работата околу неговиот  нов клуб ја остави на добро познатиот агент Мино Раиола. Холанѓанецот најблиску беше до ПСЖ но во последен момент Јувентус испратил најприфатлива понуда до Ајакс и фудбалерот веројатно ја завршил работата. Холандскиот дефанзивец беше голема желба на Барселона и Манчестер Јунајтед но двата клуба како што стојат работите не испратиле доволно добра понуда за услугите на младиот и квалитетен фудбалер.

Де Лихт минатата сезона со капитенската лента на ракавот го превдодеше Ајакс до 1/2 финалето во Лигата на Шампиони и двојна круна во Холандија. Во дресот на „лалињата“, Де Лихт заедно со Вирџил ван Дајк го сочинуваат стоперскиот тандем пред голот.

OhridNews

 

Фото: Гигантите војна водат за Де Лихт, а тој ужива на плажа

Де Лихт шокиран од прашањето на Роналдо