Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја обвини Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за корупција.
Зошто договорите треба да бидат на пет години? Зошто не можам да склучам осумгодишен договор? По неколку години, ако некој фудбалер го смени агентот, а новиот уште не заработил, почнува да бара зголемување на платата. Дали сте виделе што прави ФИФА во последните години? Тие украдоа милијарди, остануваат во Швајцарија – надвор од која било европска јурисдикција и никој не ги контролира, изјави Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.
Наполи е на врвот на табелата во италијанската Серија А со 65 бодови од 25 натпревари.
OhridNews
Фото: ЕПА