Манчестер Јунајтед ја забележа петтата победа во серија под водство на Оле гунар Солскјаер, откако неговите избраници со 1-0 го совладаа Тотенхем на Вембли во дербито на колото во англиската Премиер лигата.

Одлучувачкиот погодок на натпреварот го постигна Марску Рашфорд во 44-та минута, но сите заслуги за триумфот одат на сметка од Давид де Геа, кој имаше 11 интервенции од кои седум неверојатни. Шпанскиот голман бранеше се` и сешто и во очај го фрли комплетниот офанзивен ред на домаќините.

„Црвените ѓаволи“ со петтиот триумф во серија се изедначија со Арсенал на петото место од табелата и официјално се вратија во игра за ТОП 4 во Премиер лигата.

OhridNews