Лесно може да се случи Манчестер Сити да остане без Кевин де Брујне. Најдобриот асистент во Премиер лигата најави заминување од Етихад, ако Спортскиот суд ја потврди двегодишната забрана за настап во клупските натпреварувања од УЕФА. Манчестер Сити се соочи со санкација поради не почитување на финансискиот фер плеј.
Клубот ни кажа дека ќе се жали на одлуката и тие се 100% сигурни дека се во право. Имам доверба во нив, ако тие велат дека е така, нема причина да не им верувам. Ќе виидиме што ќе се случи. Две години без учество во Лигата на Шампиони се долг период. Една година е нешто со што би можел да се справам. – изјави Де Брујне.
Белгискиот репрезентативец е еден од најдобрите фудбалери во Манчестер Сити. На Етихад, Де Брујне се пресели од Волфсбург. Претходно настапуваше за Челси, Вердер Бремен и Генк.
OhridNews