Тренерот на Црвена Ѕвезда, Дејан Станковиќ, го продолжил договорот со клубот. Српските медиуми објавија дека младиот тренер во наредните три години ќе остане во клубот, за годишна плата од 600.000 евра.
Дејан Станковиќ е легенда на Црвена Ѕвезда, најмлад капитен во историјата на клубот. Кариерата ја градеше во Лацио и Интер.
Тренер на Црвена Ѕвезда стана во јануари 2019 година. Успеа да ја одбрани титулата, а оваа сезона го предводи клубот до нова титула во првенството на Србија и е во потера по рекордот на Селтик од 106 освоени бодови во една сезона.
Црвена Ѕвезда, во пресрет на последното коло, на своето конто има 105 бодови.
Претходните денови, Станковиќ се поврзуваше со Сампдорија.
OhridNews