Поранешниот фудбалер и капитен на Лабуништа, Дејан Лескароски кариерата ќе ја продолжи во второлигашот од Гостивар, Вардар Форино.
Екипата на Вардар Форино во името на Лескароски ќе добие квалитет во последната линија од теренот и искуство, кое многу значи за мечевите од второлигашката конкуренција.
Со заминувањето на столбот во одбраната вистина се доведува под знак прашалник судбината на Фудбалскиот клуб Лабуништа. Клубот кој минатата сезона атакуваше на пласман во Првата лига ги ослободи сите фудбалери и најверојатно ќе заврши со згаснување.
OhridNews