Фудбалерот на Вардар Форино, Дејан Лескароски ќе отсустува најмалку две седмици од терените откако неговиот тест на вирусот ковид -19 бил позитивен. Информацијата на социјалните мрежи ја потврди фудбалерот каде доби многу пораки со поддршка.

Драги пријатели, за жал мојот тест на ковид -19 е позитивен. Чувајте се, носете маски и бидете претпазливи. Ни малку не е лесно, ниту едноставно. Ви благодарам за поддршката! – напиша Лескароски.

Лескароски во летниот преоден рок се пресели во составот на Вардар Форино од Лабуништа каде беше алфа и омега.

OhridNews