Охриѓанецот Дејан Лескароски ќе се врати на тренинзите од екипата на Вардар Форино откако успешно се излекува од вирусот ковид -19. Дефанзивецот ги доби потребните два негативни тестови во рок од 72 часа и официјално го преброди коронавирусот.
Конечно, после 21 ден ќе можам да излезам од дома и да се вратам на секојдневните обврски. Со нетрпение чекам да им се приклучам на соиграчите на тренинзите и да се подготвувам за натпреварите. – изјави Лескароски.
Лескароски во летниот преоден рок го засили тимот на Вардар Форино, откако Лабуништа каде настапуваше последниве сезона згасна и не продолжи со настапи во Втората МФЛ.
OhridNews