ГРК Охрид на 10 февруари, сабота, гостува кај екипата на Бутел на стартот од разигрувањето за шампионската титула и местата кои водат во Европа. „Гладијаторите“ на натпреварот ќе добијат поддршката од навивачката група „Рибари“.
Во сабота играме против екипата на Бутел. Тоа ни е првиот натпревар во плеј-офот. Одиме на победа, за да така го отвориме плеј-офот, вели десниот бек Дејан Шешиќ
Натпреварот помеѓу Бутел и Охрид се игра во Скопје со почеток во 18 часот.
OhridNews