Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков го критикуваше Перо Антиќ и актуелното раководство во Македонската кошаркарска федерација. Давитков смета дека Антиќ и неговата екипа во МКФ направиле грешки уште на стартот од мандадот на чело на македонската кошаркар. Тој додаде дека не гледа подмладување во селекцијата иако долго време беше се најавуваше.

Новото раководство уште на самиот почеток направи грешки во чекори кои подоцна стануваа се подлабоки со доделување на функции на останатите луѓе. Ние од самото дно стигнавме на чекор до ЕП, кошаркарите се прилагодија на мојот систем на работа, атмосферата беше одлична и имавме шанса да ѝ се реваншираме на Естонија за поразот во претходните квалификации. Факт е дека наивно го загубивме мечот. Исто така, слушам и за некакво подмладување, но не знам за што се зборува бидејќи освен Јакимовски, сите кои играат сега играа и кај мене. – изјави Давитков за Алфа ТВ.

Давитков во досегашната тренерска кариера два пати бил селектор на Македонија. Прв пат „црвено жолтите“ ги предводел од 2001 до 2007 година, а во вториот мандат селектор бил од 2017 до 2019 година.

Актуелен селектор на Македонија е Александар Тодоров.

OhridNews