Српскиот кошаркар Дејан Давидовац е нов играч на ЦСКА Москва, клуб предводен од македонскиот тренер Емил Рајковиќ.

Дваесет и седумгодишниот Давидовац во Русија преминува од Црвена ѕвезда по потпишување на договор 1+1 година.

Давидовац во изминатите пет сезони настапуваше со „црвено-белите“ три пати ја освојуваше Јадранската лига и четири пати го освои српското првенство.

Многу сум среќен што се приклучувам на легендарниот клуб ЦСКА. Никогаш не сум играл надвор од Србија и среќен сум што мојот прв чекор во странство беше со тим со вакво реноме. Чест ми е што ќе ја продолжам српската историја во ЦСКА по имиња како Ивковиќ, Крстиќ, Теодосиќ… Сите ќе бидеме многу мотивирани следната година да го вратиме трофејот во ВТБ лигата, изјави Давидовац.

Минатата сезона тој во Евролигата одигра 28 натпревари, со просек од пет поени и 3,3 скока.

OhridNews