28-годишниот напаѓач на “лилјаците“ за 40 милиони евра потпиша четири години во дресот на “блауграната“. Давид Виља кариерата ја започна во Спортинг, продолжи во Сарагоса, блескавите моменти ги имаше во дресот на Валенсија каде во 164 натпревари постигна 108 голови.
Давид Виља во дресот на Шпанија има одиграно 55 натпревари, додека противничката мрежа ја затресол 33 пати.