Легендата на Манчестер Сити, Давид Силва кариерата ќе ја продолжи во Шпанија откако договори соработка со Реал Сосиедад.
Шпанскиот интернационалец се поврзуваше со трансфер во Лацио, а, спроед италијанските медиуми се било договорено и останал само потпис на договорот.
Давид Силва многу го почитувам и ќе го почитувам како фудбалер, но како човек никогаш повеќе бидејќи не остана на зборот и го „изигра“ Лацио. – изјави директор на римскиот клуб , Игли Таре.
Давид Силва после десет години поминати во Манчестер Сити одлучи да замине и предизвик да побара во друга средина, во случајов Реал Сосиедад.
OhridNews