Поранешниот њујоршки банкар и филантроп, 92 годишниот Давид Рокфелер донирал 100 милиони долари на престижниот универзитет Харвард.
Тоа е најголема донација од страна на некој поранешен студент, објавија во петокот навечер од универзитетот. Рокфелер, кој дипломирал во 1936 година и е наследник на славна фамилија, ветил дека ќе ја донира таа сума ако на студентите битнно би им помогнало да стекнат знаење низ межународно и уметничко искуство.
– Харвард ми ги отвори очите и душата кога станува збор за светот – рекол внукот на Џон Д. Рокфелер, создавателот на фамилијарното царство.
– Благодарение на барањата на Харвард гладни за знаење, поминав едно лето во 1933 година во Германија и одблиску го гледав развојот на нацизмот. На Харвард почнав да студирам историја на умтност – објаснил Рокфелер. Студирањето на Харвард во Масачусец (САД) во 2007 година, вклучувајќи сместување и храна, чинело 45.620 долари годишно, од која сума 31.465 долари чини посетувањето на часовите. Универзитетот брои 6.700 студенти. Половината од нив прима финансиска помош во вид на заеми.