На свеченост што се одржа вечерва во големата сала на локалната самоуправа, Општина Охрид ги прогласи најдобрите од спортот во Охрид во 2024 година. За спортист на годината прогласен е Давид Крстевски од Таеквон-до клубот Хва Ранг ИТФ Лескоец – Охрид, државен првак и бронзен на Европското првенство што минатата година се одржа во Копер, Словенија.
Крстевски упати благодарност до оргзнизаторот што, како што рече, ги препознава успесите на спортиститеи, што претставува поттик за нивен понатамошен развој.
Наградата на најдобриот спортист ја врачи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Тој се осврна важноста на спортот во општеството и напорите што општината ги прави да ги поддржи спортистите.
Од срце им честитам на добитниците чии имиња се надевам ќе бидат вечно запамтени во спортската историја на Охрид, рече Пецаков, додавајќи дека општина Охрид ќе продолжи да го подржува спортот за што оваа година во буџетот се предвидени 70 милиони денари.
Градоначалникот го врачи и признанието на Охридската спортска легенда Соња Думбалоска Делова за особен придонес во развојот на спорот во Охрид.
Соња Думбалоска Делова е истакнат спортски работник, пливачки тренер, долгогодишен судија на Охридскиот пливачки маратон, просветен работник и едукатор. Во име на добитникот наградата ја прими синот Јован.
За спортски клуб избран е ГРК Охрид, а бекот на „гладијаторите“ Рудолф Шафранко доби признание за најдобар спортист кој не е од Охрид а настапува за клуб од Охрид. Тренерот на младите категории во ГРК Охрид Александра Џамтоска, пак, беше прогласена за тренер на годината.
Градот Охрид додели специјално признание на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ по повод 45 јубилеј на малиот пливачки маратон – Илинденски куп.
Најдобрите од спортот во Охрид во 2024:
- Охридска спортска надеж во инивидуален спорт (мажи) – Дамјан Митревски (карате) од Карате Клуб „Кун-Су-То“ – Охрид
- Охридска спортска надеж во индивидуален спорт (жени) – Анастасија Смилевска (карате) од Карате Клуб„Кун-Су-То“ – Охрид
- Спортист од Охрид која настапува во клуб надвор од територијата на Општина Охрид во женска категорија – Теодора Колческа (пливање) од Пливачки Клуб „Младост“ – Скопје
- Спортист од Охрид која настапува во клуб надвор од територијата на Општина Охрид во машка категорија – Мартин Ѓоргиевски (фудбал) од Фудбалски Клуб „Брера“ – Струмица
- Спортист кој не е од Охрид, а настапува во екипа од Охрид – Рудолф Звонимир Шафранко (ракомет) од Градски Ракометен Клуб „Охрид“ – Охрид
- Спортист со најдобар остварен резултат во водените спортови за 2024 година – Атанасиј Фанкоски (спортски риболов)
- Тренер на годината – Александра Џамтоска (ракомет) од Градски Ракометен Клуб„Охрид“ – Охрид
- Спортска екипа на годината – Градски Ракометен Клуб„Охрид“ – Охрид (ракомет)
- Спортски подвиг на годината – Љупчо Танески – прв Охриѓанец на возраст над 50 години кој учествувал и го завршил тешкиот IRONMAN 70.3 во Белград Србија
- Признание – Јубилеј 45 години Илинденски Пливачки Маратон Охрид Клуб за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“ – Охрид
- Охридска спортска легенда – за посебни заслуги во спортот – Соња Думбалоска Делова (професор,тренер,спортски работник)
- Спортист на годината – Давид Крстески (таеквон – до) од Таеквон-до Клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид
Фото галерија:
Охрид ги додели признанијата на најдобрите од спортот во 2024 година
Како изгледаше изборот на најуспешните спортски приказни во годината што измина, погледнете во видео снимката во прилог:
Г.М.
Фото: А. Момироска
Видео: Ричард Калајџи