Еден од најуспешните теквондисти во клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид , Давид Крстески имаше ретка можност недела дена да тренира со светскиот и европскиот ИТФ шампион,  Исмет Ичановиќ (црн појас Vl дан). Ичановиќ кој е тренер на словенскиот клуб Шкорпион одработи неколку индивидуални тренинзи со Крстески и неколку заедно со останатите членови од охридскиот теквондо клуб.

– Теквондо клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со посебно задоволство го пречека Ичановиќ кој е големо име во теквондото. Тој одморот во Охрид го искористи за што подобра подготовка за престојното светско првенство за ветарани во Минск, Белорусија, а и за корисни совети за нашиот член Крстески кој ги исполни сите резултатски кретириуми за учество на Европското првенство во италијанскиот град Римини следната година. Исто така тој работеше и со нашите други членови, кои, имаа што да научат и акумулираат. – изјави тренерот на клубот Марјанчо Лазеревски.

Ичановиќ после еднонеделните тренинзи дал позитивна оценка за Давид Крстески кој допрва ќе жари и пали на татаните ширум Европа.

OhridNews