Ракометарите на Охрид во „Билјанини Извори“ со почеток во 18 часот силите ќе ги одмерат со последнопласираниот на табелата во Супер лигата, Работнички.


Дуелот со Работнички за охридските „гладијаторите“ ќе биде пропратна станица до дерби средбата со Еурофарм Работник која ќе се одигра во петок (19:30ч).

– Мораме да пристапиме сериозно од првата минута и да го обезбедиме триумфот што е можно побргу. Шанса ќе добијат сите ракометари, а во составот ќе вклучиме и играчи од младинскиот погон како што го правиме тоа цела сезона. – рече охридскиот стратег, Горан Андоновски.

Охриѓани со триумф против Работнички одново ќе се одлепат на врвот од табелата, откако Пелистер се изедначи со бодовите по победата во дербито со Еурофарм Работник.

Мх.П.