На 25 јули во 15.25 часот во ОВР Струга пријавено е дека во водите на Охридското Езеро во близина на плажа во Струга била пронајдена удавена 67 годишна жена од Ресен.
Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирале смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.
OhridNews